
Во дербито од осмото коло на Премиер лигата Манчестер Јунајтед оствари победа против Ливерпул на „Енфилд“ со 2:1. Брзиот гол за „црвените ѓаволи“ го постигна Брајан Мбеумо, додека израмнувањето за домаќините го донесе Коди Гакпо. Сепак, во 84. минута Хари Мегваер ја затресе мрежата за одлучувачкиот гол, осигурувајќи значајни три бода за гостите.
Ова беше четврти последователен пораз за Ливерпул во сите натпреварувања. Црната серија започна со гостинскиот пораз од Кристал Палас од 2:1, продолжи со пораз од 1:0 против Галатасарај во Лигата на шампионите, а пред репрезентативната пауза Челзи ја забележа победата против Ливерпул на „Стенфорд Бриџ“ со 2:1.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Според податоците од Опта, ваква слаба серија резултати е реткост за Ливерпул. „Ова е првпат по ноември 2014 година, кога клубот го водеше Брендан Роџерс, Ливерпул да запише четири последователни порази во сите натпреварувања.