Дома Фудбал Ливерпул спрема бомбастичен трансфер

Ливерпул спрема бомбастичен трансфер

Ливерпул изгледа во сè подобра позиција да направи еден од најголемите трансфери во Европа ова лето, привлекувајќи го Флориан Виртц. Германскиот репрезентативец веќе неколку месеци е поврзуван со Баерн Минхен, Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Минатата недела, меѓутоа, шампионот на Англија влезе авантуристички во оваа битка, откако мерсисајдците организираа посета на Виртц и неговото семејство во Англија и лично им изјавиле силна желба германскиот репрезентативец да заигра на „Енфилд“. Според информациите, токму Ливерпул ја организирал оваа посета, откако добил дозвола за тоа од Баер Леверкузен.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Оваа недела Виртц ќе се сретне и со претставници на Баерн Минхен, а според “Кикер”, играчот ќе го донесе конечниот одлук за својата иднина многу скоро – во следните десет дена.

Баер побарува 150 милиони евра за својата ѕвезда, а според информациите на “Билд”, Баерн имал план да понуди 100 милиони и ако не успеат да се договорат со „аспирините“, да пробаат повторно во 2026 година. Ливерпул, сепак, може да ги измеша овие планови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Удрете го, удрете го судијата“: Хаосот почна по пеналот во 93. минута, навивачи влегоа на теренот и почнаа да ги тепаат арбитрите (Видео)

Неверојатна сцена се случи во Босна и Херцеговина, на натпреварот од Втората лига на ФБиХ,…