Дома Фудбал Ливерпул сака победa, а Слот најави: Влегуваме во финишот на сезоната, ни треба важен резултат против Манчестер Сити”

Ливерпул сака победa, а Слот најави: Влегуваме во финишот на сезоната, ни треба важен резултат против Манчестер Сити”

Менаџерот на фудбалскиот клуб Ливерпул, Арне Слот, изјави денеска дека е многу важно неговиот тим да постигне добар резултат на претстојниот натпревар против Манчестер Сити, пренесе денеска Скај Спортс.

Фудбалерите на Ливерпул ќе ја пречекаат во недела од 17.30 часот на Енфилд екипата на Манчестер Сити во натпреварот од 25-то коло на Премиер лигата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во првиот сезонски дуел на двата клуба, кој се одигра на 9 ноември, Манчестер Сити на својот терен го победи Ливерпул со 3:0 во натпреварот од 11-то коло на Премиер лигата.

– Особено ја паметам натпреварот кој го игравме на Итихад и во поголем дел од првото полувреме бевме надминати. Ова е уште една можност да видиме каде се наоѓаме во развојот на тимот. Знаеме колку е важен резултатот, но тоа важи за сите тимови што играат во Премиер лигата – рече Слот на прес-конференцијата.

Манчестер Сити е втор на табелата на Премиер лигата со 47 бодови, додека Ливерпул се наоѓа на шестата позиција со 39.

Влегуваме во завршната фаза на сезоната, па резултатите се уште поважни. Освен тоа прво полувреме против Сити и Кристал Палас, покажавме дека можеме да се носиме со секој тим. Не најдовме потребна постојаност во резултатите, но против сите големи екипи покажавме дека можеме да партираме – изјави Слот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мајката на Мбапе заработува повеќе од седум фудбалери на Реал, напаѓачот одбил да и даде половина од парите

Килијан Мбапе се вбројува меѓу најуспешните фудбалери според заработката на светско ниво. …