Андрија Максимовиќ може да ја продолжи својата кариера во редовите на англискиот великан Ливерпул.
Според последните информации Ливерпул прави сѐ за да го ангажира Максимовиќ уште во јануари. Пол Голдрик (скаут на Ливерпул) присуствувал на „Сан Сиро во текот на вчерашниот натпревар“ и тоа е јасен знак дека „Црвените“ сакаат што побрзо да го завршат трансферот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
“Пол Голдрик, вчера бил забележан во публиката на „Сан Сиро“..
Постои голема можност талентираниот играч за врска да потпише за тимот од „Енфилд“ и да остане на шестмесечна позајмица во „Маракана“. Тоа е опцијата која се најавува во овој момент.
Црвена звезда постави цена од 20 милиони евра за својот „дијамант“. Наводно, сите заинтересирани тимови се подготвени да го платат овој износ..
Според претседателот на клубот, Звездан Терзиќ, таа сума е минималнаа.
“Ме повикаа седум-осум сериозни клубови. Нема да го дадеме под 20 милиони евра. Сите што се јавија се подготвени да го платат тој износ”, изјавил првиот човек на белградскиот клуб.
Сепак, останува да видиме дали навистина ќе го добијат тој износ, но очекувано е дека ќе биде најголемиот трансфер досега на српскиот клуб..
Андрија Максимовиќ оваа сезона за првиот тим на белградскиот великан одигра 17 натпревари. Има учинок од два гола и четири асистенции.