Дома Фудбал Ливерпул подготвува рекорден трансфер на Островот

Ливерпул подготвува рекорден трансфер на Островот

Фудбалскиот клуб Ливерпул е подготвен да го собори рекордот на британскиот фудбал. Метата на “црвените” е напаѓачот на Њукасл, Александер Исак, пренесуваат островските медиуми.

Исак беше еден од најдобрите играчи на Њукасл минатата сезона, постигнувајќи победнички гол во финалето на Лига купот и вкупно 27 гола и шест асистенции во 42 натпревари.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Би-Би-Си, повикувајќи се на извор во еден подкаст, пренесе дека Ливерпул е подготвен да го надмине рекордот на британскиот фудбал за да го ангажира 25-годишниот шведски фудбалер.

Сегашниот рекорд е 107 милиони фунти, колку што Челси плати за Енцо Фернандез во 2023 година.

Челси истата година за 100 милиони фунти го донесе Мојзес Каседо од Брајтон, но би можел да потроши уште 15 милиони на тој трансфер поради вклучени бонуси.

Ливерпул ова лето за 100 милиони фунти го донесе Флориан Вирц од Бајер Леверкузен, а би можел да плати уште 16 милиони преку бонуси, што би бил рекорд на британскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓокерес на најблиските им откри каде ќе игра следната сезона

Напаѓачот на Спортинг од Лисабон е вмешан во трансферска сага која во последните седмици с…