Дома Фудбал Ливерпул не жали по Исак: Пред потпис е со голгетер од 100 милиони евра!

Ливерпул не жали по Исак: Пред потпис е со голгетер од 100 милиони евра!

Њукасл го одби Ливерпул за Александар Исак, па Ливерпул се насочи кон Уго Екитике, кој поради “Црвените” го одби – Њукасл!

Ова накратко е приказната која се случи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Доверливи извори сега потврдуваат идентични информации – Екитике ја договори сета лична документација со Ливерпул и ќе потпише договор до 2031 година.

Во тек се разговори помеѓу Ливерпул и Ајнтрахт, но познато е дека клубот од Франкфурт го одби Њукасл, откако не прифати понудите од 70.000.000 и 80.000.000 евра за Екитике. Се смета дека Ливерпул ќе ја надмине оваа бројка, бидејќи Ајнтрахт побара 100.000.000, што тешко дека ќе го добие.

Се шпекулира дека Ливерпул ќе испрати понуда од 82.000.000 евра со дополнителни бонуси, околу кои најверојатно ќе се водат во нови преговори.

Очекувањата се дека преговорите ќе се завршат брзо, затоа што Ливерпул веќе нема многу избори за позицијата напаѓач. Планот А беше Исак, а планот Б е Екитике, и сега е време тој да стане реалност.

Не постои дилема дека ова би бил еден од најголемите трансфери ова лето, по доаѓањето на Флоријан Вирц на “Енфилд”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Мадрид се подготвува нешто СЕНЗАЦИОНАЛНО: Алонсо ќе добие што му одговара – Лаутаро наместо Винисиус!

Во најновите шпекулации од шпанската спортска сцена, се објави информација дека Реал Мадри…