
Претходно пишувавме дека еден од најдобрите напаѓачи во светот, Александар Исак, побарал да замине од Њукасл. Сериозен интерес за Исак покажа Ливерпул.
Клубот од Енфилд се поврзува со шведскиот напаѓач веќе целата преодна фаза, а овој интерес не попушти и покрај тоа што Ливерпул го доведе Хуго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт за 95 милиони евра.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Романо известува дека англискиот клуб преговара со Исак за личните услови. Овој месец, Романо информираше дека Ливерпул е подготвен да понуди пакет од околу 140 милиони евра за Исак, со што би се направил најголем трансфер ова лето. Да потсетиме, Ливерпул веќе ги направи двата најголеми трансфера во оваа преодна фаза – покрај Екитике, кој дојде за 95 милиони евра, за Флориан Вирц платија 125 милиони.
Со потенцијалното купување на Исак, Ливерпул во оваа преодна фаза би потрошил околу 450 милиони евра. Покрај Вирц и Екитике, доведени се и крилните играчи Милош Керкез за 47 милиони и Џереми Фримпонг за 40 милиони евра.