Дома Фудбал Ливерпул ќе награди една од ѕвездите со побогат договор

Ливерпул ќе награди една од ѕвездите со побогат договор

Англискиот шампион Ливерпул ќе го награди холандскиот играч од средниот ред Рајан Гравенберх (23) со нов, значително побогат договор, објавија британските медиуми.   

Гравенберх пристигна на Енфилд пред две години од Баерн во трансфер вреден 40 милиони евра. Вистинското место во тимот, на позицијата последен врзан играч, му го најде тренерот Арне Слот.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Холандскиот тренер ретко го одмара, главно е на теренот сите 90 минути. Така беше минатата сезона, а истото се случува и во новата сезона. Иако игра на последниот везен, оваа сезона веќе запиша два погодоци и две асистенции. Беше најдобар играч на саботниот градски дерби каде „црвените“ го победија Евертон со 2-1, а Гравенберх постигна погодок и додаде асистенција. 

Иако договорот му важи до јуни 2028 година, раководството на Ливерпул ќе му понуди нов договор, со кој ќе стане меѓу најплатените играчи во клубот. Британските медиуми наведуваат дека според новиот договор ќе заработува 11 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерот од средниот ред донел конечна одлука: Сака да си замина од Манчестер јунајтед!

Веќе на крајот на летото постоеше навестување за ова, но сега е дефинитивно. Коби Мејнo им…