
Ливерпул потпиша нов договор со Рајан Гравенберх. Холанѓанецот се обврза до 2032 година и ќе добива отприлика 250,000 фунти неделно.
23-годишниот играч од средниот ред пристигна на “Енфилд” во 2023 година од Баерн Минхен. Тој имаше голем удел во освоената титула минатата сезона. Гравенберх одигра извонредна сезона и беше стартер во речиси сите натпревари во Премиер лигата.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
“Се чувствувам многу добро. Горд сум што го продолжив договорот со толку голем клуб. Среќен сум што ќе останам уште многу години. Одлуката беше лесна за мене. Од почеток го чувствувам довербата на клубот и на менаџерот. И семејството ми се чувствува одлично овде.