Дома Фудбал Ливерпул договори замена за Александер-Арнолд

Ливерпул договори замена за Александер-Арнолд

Преговорите помеѓу Ливерпул и Бајер (Леверкузен) за трансферот на Џереми Фримпонг се на самиот праг да завршат успешно, информира “Кикер”.

Според изданието, останува да се прецизираат само некои ситни завршни детали, но веќе може да се каже со сигурност дека Холанѓанецот ќе го замени Трент Александер-Арнолд на десната страна од одбраната во тимот на својот сонародник Арне Слот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Самиот играч се договорил со клубот од Мерсисајд за петгодишен договор – до летото 2030 година. Ливерпул ќе ја плати откупната клаузула во договорот на Фримпонг со “аспирините”, која изнесува 40 милиони евра. Според Фабрицио Романо, клаузулата е малку помала – 35 милиони евра, при што двата клуба ја договараат структурата на плаќањето.

Интересно е што во Англија, Фримпонг ќе има статус на домашен играч, а не на странец, поради деветте години што ги помина во академијата на Манчестер Сити. Сепак, тој никогаш не дебитираше официјално со тимот на “граѓаните”.

За Бајер, Фримпонг има постигнато 30 голови и 39 асистенции во 190 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок во Англија: фудбалски агент се заканил со пиштол на играч од Премиер лигата

Фудбалер од Премиер лигата бил заплашен со пиштол на улица во Северен Лондон од познат спо…