Дома Фудбал Ливерпул ја купува ѕвездата на Лион

Ливерпул ја купува ѕвездата на Лион

„Екип“ пренесува дека Ливерпул има сериозен интерес за крилниот напаѓач на Лион, Рајан Черки.

Черки е офанзивен играч кој ги покрива и крилните позиции, а може да игра и како плејмејкер. Израснат е во школата на Лион и моментално се смета за најперспективниот француски талент.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Поради финансиските проблеми на Лион, сите играчи се нудат за продажба, што Ливерпул цели да го искористи.

Сепак, за потписот на 21-годишниот играч се борат и други клубови, како ПСЖ, Милан и Јувентус, кои исто така покажуваат интерес.

„Црвените“ веќе работат на трансферот и се во пол-позиција за да го осигураат неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најк „го истражува проблемот“ во дизајнот на дресовите за Светското првенство

Еден од најголемите производители на спортска опрема во светот, компанијата „Најк“ изјави …