Дома Фудбал Левандовски: Му кажав „да“ на Манчестер Јунајтед

Левандовски: Му кажав „да“ на Манчестер Јунајтед

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски и понатаму е еден од најпочитуваните голгетери, иако веќе блиску е до својата петта деценија. Веќе една и пол деценија игра врвен фудбал, а откри дека бил на прагот да се пресели на Олд Трафорд.

Полјакот ги тресе мрежите во Шпанија, исто како што ги тресеше во Германија. А според неговото сопствено признание, малку недостасувало да ги тресе и во Премиер лигата, бидејќи во 2012 година бил блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


– Кажав „да“ и тоа е вистина. Но Борусија не сакаше да ме продаде, сметајќи дека ќе вредам повеќе за една или две години – изјави Левандовски.

Иронијата на судбината сакаше Левандовски навистина да замине од Дортмунд две години подоцна. Но, замина во Баерн како слободен играч и Борусија не доби ниту цент отштета. Во Баерн играше фудбал на животот, а и во Шпанија покажува каков голгетер е. Сепак, малку жали што не се испроба во најсилната лига на светот.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Комедија: Погледнете каков гол прими голманот на Струга (Видео)

Струга одигра нерешено 1-1 против узбекистанскиот Пахтакор на пријателскиот натпревар одиг…