
Барселона минува низ период на големи промени, а една од клучните точки на зимскиот преоден рок е иднината на Роберт Левандовски.
И покрај шпекулациите од претходните денови за можен трансфер во Фенербахче, Роберт Левандовски јасно стави до знаење дека не планира да замине од Каталонија.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Турските медиуми неодамна објавија дека Фенербахче подготвува сериозна понуда за искусниот голгетер, но Левандовски не покажа интерес за преселба во Истанбул. Со тоа заврши краткотрајната приказна која ги вознемири навивачите на Барселона.
Според информации блиски до играчот, Левандовски е целосно посветен на работата со тренерот Ханси Флик. Тие двајца одлично се познаваат од времето во Бајерн, што ја зацврстува желбата на Полјакот да остане и да придонесе кон проектот.
Сепак, Левандовски е свесен дека во современиот фудбал ништо не е трајно. Иако не сака да го напушти клубот во јануари, тој добро ја разбира деловната страна на спортот и знае дека ситуацијата може брзо да се смени, особено во Барселона, каде финансиските предизвици и натаму се огромни.
Управата на Барселона активно ја разгледува можноста за доведување нов напаѓач во зимскиот преоден рок. Клубот сака да ја зголеми конкуренцијата во нападот, а тоа е потег кој би можел директно да влијае на статусот на Левандовски во тимот.
Доколку пристигне нов напаѓач, Флик би имал сосема различна хиерархија во нападот. Тоа е единственото нешто што би можело да го натера Левандовски да размисли за заминување – сегашната позиција не е проблем, но потенцијалното намалување на минутите би можело да биде.