Дома Фудбал Леташе 9.000 км и плати 1.000 евра за билет, а остана пред портите на стадионот

Леташе 9.000 км и плати 1.000 евра за билет, а остана пред портите на стадионот

Додека за некои навивачи одењето на натпреварите од Премиер лигата е неделна рутина, за други тоа е можност што се укажува еднаш во животот. Токму такво искуство имаше Џејмс од Јужна Кореја, кој изминатиот викенд прелета речиси 9000 километри до Брајтон за прв пат во живо да го гледа својот сакан Тотенхем. Билетот го плати 900 фунти (1000 евра) на неовластенa интернет страница, но кога се обиде да влезе на стадионот, беше одбиен, пишува Би-Би-Си.

Откако Би-Би-Си го разоткри огромниот црн пазар за билети за Премиер лига, Брајтон ги повика да сведочат за размерите на проблемот и напорите што ги вложуваат за негово сузбивање. Билетот што го купи Џејмс веќе беше деактивиран во системот.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


На касата му објаснија дека е купен нелегално. „Разочаран сум, не го разбрав ова правило“, рече видливо вознемирениот Џејмс пред стадионот. „Ми рекоа да се обидам да добијам поврат на парите за билетот“.

За жал, Џејмс не беше единствен. Повеќе од сто навивачи тој ден ја доживеаја истата судбина. Препродажбата на билети во Обединетото Кралство е незаконска, но бројни веб-страници го заобиколуваат законот бидејќи се регистрирани надвор од земјата.

Истражувањето на Би-Би-Си откри дека препродавачите често користат софтверски ботови и лажни идентитети за да купат стотици билети, кои потоа ги продаваат по значително повисоки цени. Навивачите така плаќаат астрономски суми за билети кои на крајот можеби воопшто не вредат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен фудбалер од МЛС шокираше: Не одете во Интер Мајами додека е Меси таму, ужасно и страшно – сите заминуваат!

Поранешниот полски репрезентативец и екс фудбалер во Д.C. Јунајтед и Атланта Јунајтед во М…