Дома Фудбал Легендата на Реал направи хаос во Мадрид – ќе се степаше со Сака! (Видео)

Легендата на Реал направи хаос во Мадрид – ќе се степаше со Сака! (Видео)

Легендарниот фудбалер на Реал, Дани Карвахал, се судри со Букајо Сака од Арсенал на полувремето на синоќешниот реванш дуел од четвртфиналето на Лигата на шампиони меѓу мадридскиот и лондонскиот клуб, пишува Марка.

Имено, Карвахал не играше на натпреварот, но ја презеде улогата на капитен веднаш по завршувањето на првото полувреме за да му се обрати на англискиот играч за неговиот пенал.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


“Карвахал беше првиот што излезе напред по свирежот на судијата кој ги испрати сите 22 играчи во тунелите за соблекувалните. Капитенот на Реал, кој беше со своите соиграчи поради важноста на натпреварот, го чекаше моментот кога сите играчи ќе го напуштат теренот, ја пружи поддршката на соиграчите и им аплаудираше на противниците, се додека не дојде Сака. Карвахал му пристапи за да му го објасни своето незадоволство од ударот изведен во стилот на Паненка, односно Карвахал заклучи дека тоа било непочитување кон Реал”, пишува Марка.

Шпанскиот весник додава дека прво му шепнал нешто на уво, го удрил по градите, а откако следеше одговорот од англискиот играч, го фати за рака и продолжи со приговорите.

“Сака не сакаше да се впушти во конфликт и се обиде да се оддалечи кон тунелот, но Карвахал повторно тргна против него бидејќи не му се допадна неговиот одговор. Повторно го фати за рака пред да настане хаос во кој учествуваа неколку членови од стручниот штаб на Арсенал и обезбедувањето кои се обидуваа да ги разделат играчите, додека Карвахал го држеше Сака за врат”, објасни Марка.

Да потсетиме, Арсенал синоќа се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампиони со вкупен резултат 5:1 (3:0 во Лондон, 2:1 во Мадрид).

Фото: Пртинскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…