Дома Фудбал Легендата на Милан доби отказ затоа што не го играл синот на претседтелот, па беше вратен по три часа

Легендата на Милан доби отказ затоа што не го играл синот на претседтелот, па беше вратен по три часа

Легендарниот фудбалер на италијанскиот Милан Игнасио Абате беше отпуштен од клупата на Тернана затоа што не сакал да го „турка“ синот на претседателот, па беше вратен на работа три часа подоцна.

Во еден од најневеројатните настани во светот на фудбалот, претседателот на италијанскиот третолигаш го отпушти Абате, но го врати после три часа, откако се расправаа со управата околу изборот на тимот.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Овој 38-годишник кој одигра повеќе од 300 натпревари за Росонерите и подоцна го тренираше тимот под 16 години на италијанскиот великан, како и младинскиот состав на славниот клуб, летово стана тренер на Тернана откако ги напушти младинските категории на Милан.

Тернана моментално е на второ место во групата Б на третата италијанска фудбалска дивизија, со само три бода помалку од лидерот Виртус Ентелла, што сепак не ги задоволуваше челниците на клубот.

Имено, локалните изјави велат дека причината за неговото шокантно отпуштање била одлуката да не го вклучи во тимот Матија Д’Алесандро, 20-годишниот син на претседателот на Тернана.

Наводно имало договор да се испрати Д’Алесандро на позајмица за стекнување на сениорско искуство, но тоа не се реализирало.

Клубот во четврток соопшти дека ќе го замени со уште еден легендарен фудбалер, Фабио Ливерани, но во неочекуван пресврт, играчите на Тернана интервенираа и бараа итна средба со челниците на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малдини откако Модриќ го нападна Винисиус: Претходно не беше ваков

На натпреварот помеѓу Леганес и Реал Мадрид (2:3) во Купот на кралот видовме ситуација кој…