
Иако влезе во петтата деценија од животот, Кристијано Роналдо и понатаму неуморно ги тресе мрежите. Во актуелната сезона португалскиот ас постигна 32 гола и додаде четири асистенции за Ал Наср во 35 одиграни натпревари.
Очигледно Роналдо ужива во животот на Блискиот Исток, па на почетокот на годината го продолжи договорот со клубот од Саудиска Арабија, потпишувајќи договор чија вредност надминува 167,9 милиони фунти. Со тоа ја задржа титулата на најплатен фудбалер во светот. Новиот договор го врзува до јуни 2026 година, кога ќе има 41 година.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Веќе откри дека по завршување на играчките денови се гледа во улога на сопственик на фудбалски клуб, со што би ја продолжил својата поврзаност со овој спорт, но сè уште не е јасно кога ќе се повлече од теренот. Иако сè укажува на тоа дека кариерата ќе ја заврши во Саудиска Арабија, постои и сценарио во кое би можел да се врати во европскиот фудбал.
Тедди Шерингам, поранешен напаѓач на Манчестер Јунајтед и освојувач на Лигата на шампионите и трикратен шампион на Англија со Црвените ѓаволи, ја изнесе својата визија за тоа каде би можел Роналдо да ја продолжи кариерата. Како што наведува британскиот Дејли мејл, Шерингам верува дека постои шанса Роналдо да заврши кај најголемите ривали на неговиот поранешен клуб, во редовите на Манчестер Сити.
“Мислам дека навивачите на Манчестер Јунајтед не би биле среќни. Доколку бројките им одговараат, Роналдо веројатно би ја зграпчил таа можност со двете раце. Тој дефинитивно може да постигне гол, нели? Тоа е неоспорно.”
Во однос на тоа дека Манчестер Сити веќе некое време е без Ерлинг Халанд, својот најубоен стрелец, Шерингам смета дека токму таа причина би можела да ги отвори вратите за доаѓањето на Португалецот на Етихад:
“Да, изгледаа малку изгубени без својата ударна игла, нели? Го немаат истиот ритам во играта, но не знам. Вау, ни јас не сум размислувал за тоа, Роналдо сигурно би бил возбуден поради тоа. Тоа би било забавно”, рече Шерингам и додаде: “Се кладам дека кога би му се понудила можноста да оди во Ман Сити, тој би ја прифатил без размислување.”