
Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес (73), бил итно пренесен во болница откако му е станало нагло лошо на хуманитарниот голф турнир “Green of 18” кој се одржал во замокот Мил, во близина на Бон. Според германските медиуми, Хенес имал пукантена вена. Итно бил префрлен во болница.
Иако се работи за сериозна, но стабилна состојба, истиот ден бил пуштен дома и го продолжил закрепнувањето во својот дом. Турнирот бил организиран од страна на извршниот директор на Телеком Тимоетеус Хетгес, кој е главниот спонзор на Баерн, а покрај Хенес, присуствувал и актуелниот претседател на Баерн Херберт Хајнер.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ули Хенес беше значаен играч на Баерн од 1970 до 1978 година, каде освои три титули во Бундеслигата и три Купа на шампиони, исто така бил член на тимот на Западна Германија кој триумфираше на Светското првенство 1974 и Европското првенство 1972. По завршувањето на играчката кариера, се посветил на управување со клубот – најпрво како спортски директор, потоа 10 години како претседател (2009–2014, 2016–2019), а денес е почесен претседател.
Тој е еден од клучните архитекти на успехот и стабилноста на Баерн изминатите децении. Иако повеќе не е вклучен во оперативното работење на клубот, неговото советодавно и симболично влијание останува силно. Навивачите, поранешните соработници и спортската јавност веќе му испратија пораки за поддршка и желби за брзо закрепнување, потсетувајќи на неговата немерлива улога во германскиот фудбал.