Ѓорги Христов, поранешниот македонски репрезентативец (48/16), со одлука на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ е именуван за нов технички директор во ФФМ.
Еден од легендарните македонски фудбалери и поранешен напаѓач на битолски Пелистер, Партизан (Србија), Барнсли (Англија), Данфермлајн (Шкотска), Ден Бош (Холандија)…ќе биде задолжен за работата и развојот на младинските национални селекции и фудбалската акедемија во рамки на федерацијата. Ѓорѓи Христов е носител на тренерска ПРО лиценца и долги години е вклучен во работата на клупскиот фудбал во Македонија.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Ѓорѓи Христов – технички директор во ФФМ:
– “Функцијата технички директор во ФФМ за мене претставува чест, но истовремено и голема обврска.
Иднината на македонскиот фудбал е во младите, а тоа треба да го сфатиме во права смисла на зборот.
Знаеме на каков начин во изминатиот период беа третирани младинските селекции, а посебно академијата. Нашата намера е да го смениме тоа, фокусот да биде во младите.
Во програмата на новиот претседател на ФФМ, младинските селекции се еден од топ приоритетите. Заеднички ќе се обидеме да го реализираме тоа.
Во разговор со Омерагиќ и Пандев заклучивме дека има голема „дупка“ од таа славна генерација која се пласираше на младинското Европско првенство и мора да се обидеме да го промениме тоа.
Едукацијата на тренерскиот кадар и логистиката околу младинските селекции ќе трпи големи промени, а тоа ќе ни донесе резутат во иднина. Во тоа сум сигурен”.