Дома Фудбал Легенда на Јувентус го критикуваше Влаховиќ: Душан покажа непочит! (Видео)

Легенда на Јувентус го критикуваше Влаховиќ: Душан покажа непочит! (Видео)

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Фабио Капело, не е задоволен од реакцијата на српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ.

Јувентус се врати на победнички пат во неделата кога ја победи Монца со 2-1. Влаховиќ не постигна гол ниту асистираше и беше забележливо нервозен кога беше заменет во 85. минута.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Се надевам дека беше лут на самиот себе, а не на Мота“, рече Капело.

Но тука не застана, имаше уште нешто што сакаше да додаде.

„Не го разбирам таквото однесување. Тоа покажува недостиг на почит кон тренерот и соиграчите кои се на теренот. Душан веројатно беше изнервиран што не постигна гол, но тоа не е во ред“, изјави Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Времето лета: Синот на Вејн Руни доби максимална понуда и е на прагот на големата сцена

Времето „лета“ и тоа ни го докажува и Кај Руни, шеснаесетгодишниот син на најголемата леге…