Дома Останати Кошарка Леброн во одбрана на Дончиќ: Брутално му одговори на сопственикот на Далас

Леброн во одбрана на Дончиќ: Брутално му одговори на сопственикот на Далас

Сопственикот на Далас Маверикс, Патрик Думонт, ги изнесе причините за неговата одлука да се откаже од Лука Дончиќ и во шокантна размена да го испрати во ЛА Лејкерс за склониот на повреди, шест години постариот Ентони Дејвис. Думонт индиректно го обвини Словенецот за мрзеливост, а неговиот нов соиграч, ЛеБрон Џејмс, остро реагираше на изјавите на сопственикот на Мавс.

“Мислам дека тимовите победуваат благодарение на фокусираноста, правилниот карактер, вистинската култура и вистинската посветеност на напорната работа за да се создаде шампионски исход. Ако не го правите тоа, ќе губите. Ако не сте фокусирани на победите, работата не функционира и не треба да бидете дел од Далас Маверикс”, рече Думонт.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Го прашаа да објасни дали тоа значи дека Дончиќ нема задоволителен карактер и посветеност на работата да води шампионски тим, на што Думонт одговори: “Многу работи се земаат предвид при одлучувањето за ростерот на тимот. Културата е многу важна и на неа сме фокусирани.”

Тие зборови не наидоа на добар одек кај ЛеБрон Џејмс, кој на социјалните мрежи објави коментар на изјавата на Думонт: “Кога кловн ќе се всели во палатата, не станува крал, туку палатата станува циркус”, со објаснување дека се работи за турска поговорка и јасна алузија дека со своето влегување во клубот, Думонт ги претворил Мавс во циркус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Поранешниот македонски селектор доби отказ!

Поранешниот македонски селектор Александар Јончевски повеќе не е на клупата на унгарскиот …