
Леброн Џејмс и неговите Лејкерси се разиграа од доаѓањето на Лука Дончиќ и претходната вечер против Њујорк Никс ја запишаа осмата последователна победа. По продолжението, Лејкерс триумфираа со 113:109, а Леброн Џејмс на 41 година играше одлична кошарка и постигна 31 поен, 12 скока и осум асистенции.
Сепак, освен неверојатните бројки, Леброн Џејмс го привлече вниманието и поради тоа што на социјалните мрежи се појави снимка како се расправа со неуспешен кошаркар, денес најпознатиот НБА аналитичар – Стивен Еј Смит.
Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓
Познато е дека Стивен Еј Смит, кој инаку токму што потпиша нов договор со „ЕСПН“ за 100 милиони долари, обожава да го критикува Џејмс, додека оваа сезона „се фати“ и за неговиот син Брони Џејмс. Поради тоа ни „Кралот“ повеќе не сакаше да молчи, така што се соочи со својот најголем критичар.
Според неофицијални информации, Леброн Џејмс му рекол на Стивен Еј Смит: „Ќе ти кажам уште само еднаш, брате. Не го вовлекувај син ми во уста“.
.Damn LeBron stepped to Stephen A Smith👀👀👀 pic.twitter.com/ZJIDcPU4dL
— LegendOfWinning (@LegendOfWinning) March 7, 2025