Лука Дончиќ заврши во ЛА Лејкерс, а Ентони Дејвис во Далас Маверикс, што го шокираше не само кошаркарскиот, туку и целиот спортски свет. Словенечкиот кошаркар стана соиграч на ЛеБрон Џејмс, но веднаш по трансферот започнаа шпекулации дека можеби нема долго да биде така, туку дека 40-годишниот најдобар стрелец на сите времиња ќе ја продолжи кариерата во Голден Стејт Вориорси.
Всушност, тие шпекулации започнаа уште пред една недела, но малкумина ги сфаќаа сериозно. Но оваа размена покажа дека се можни и неверојатни сценарија, бидејќи Дончиќ се сметаше за втор најпосакуван играч за иднината во НБА лигата, веднаш зад Виктор Вембањама.
Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓
За ова сведочи и фактот дека преговорите меѓу Далас и Лејкерс се одвиваа во потполна тајност и дека за нив не знаеше ниту самиот ЛеБрон.
Џејмс одамна мечтае да биде соиграч со Стеф Кари, а е голем пријател со Дрејмонд Грин, па веројатно не би имал ништо против да замине во Вориорс, што е клучно за да се изврши трансферот бидејќи ЛеБрон има клаузула без „трејд“ во договорот што му дава право да стави вето на секоја размена што не му се допаѓа.