Дома Останати Кошарка Леброн објасни во една реченица зошто сè уште е во НБА

Леброн објасни во една реченица зошто сè уште е во НБА

Можеби не е најдобриот кошаркар на сите времиња, но дека повеќе од две децении е на врвот на најсилната лига во светот, тоа никој не може да му го порекне.

Леброн Џејмс на претпоследниот ден од 2024 година наполни 40 години и дочека да ја дели соблекувалната и дресот со својот син Брони во легендарниот клуб од Лос Анџелес.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Лејкерсите со неодамнешното доаѓање на Лука Дончиќ од Далас го “освежија” составот, но покрај Леброн, ниту неверојатниот Словенец не може да биде главен. Џејмс оваа сезона просечно постигнува 24.7 поени со 7.7 скока и 8.9 асистенции и според неговиот став, не е блиску денот кога ќе каже – збогум.

Кои се тие мотиви што го поттикнуваат ЛБЏ и понатаму?

„Затоа што сѐ уште ја сакам играта и сѐ уште морам да се оддолжам на овој спорт, на моите соиграчи, на НБА. Но, немам уште многу време. Додека сум тука, ќе се обидам да давам сѐ од себе кога излегувам на теренот. Едноставно, го сакам овој спорт, а сега имам прилика да му покажам на мојот син како се станува професионалец во оваа лига. Уживање е да се биде со него секој ден,“ рече Џејмс.

Леброн е во претпоследната година од договорот и оваа сезона ќе заработи 48.728.845 долари (без данок), а сезоната 2025/26 е опција на играчот и ако одлучи да ја активира, ќе инкасира 52.627.153 долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонските млади кошаркари ја победија Швајцарија и дојдоа на чекор од четвртфинале!

По ден пауза, младинското Европско првенство (дивизија Б) што се одржува во Ереван повторн…