Дома Останати Кошарка Леброн Џејмс за крајот на кариерата: Дали е време? Не знам, ќе разговарам со семејството

Леброн Џејмс за крајот на кариерата: Дали е време? Не знам, ќе разговарам со семејството

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс и втора сезона по ред е елиминиран во првата рунда од плејофот на НБА лигата.

Кошаркарите на Минесота се пласираа во полуфиналето на Западната конференција од НБА лигата, откако во петтиот натпревар од серијата на првото коло од плејофот, на гостински терен ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 103:96.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Леброн Џејмс запиша 22 поени, седум скока и шест асистенции, а „Кралот“ по натпреварот беше прашан дали е подготвен за новата сезона и кога ќе биде крајот.

„Немам одговор на тоа. Ќе седнам со сопругата, семејството и тимот за поддршка… Ќе разговарам со самиот себе за тоа колку долго сакам да продолжам да играм. Ќе видиме“, рече Леброн Џејмс.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Потрес во НБА: Јокиќ со Леброн во ист тим?!

Кошаркарскиот свет би можел да биде зафатен од голема трансфер експлозија ова лето! Имено,…