Дома Останати Ракомет Лазаров по натпреварот со Хрватска: Задоволен сум, поразот не ме загрижува

Лазаров по натпреварот со Хрватска: Задоволен сум, поразот не ме загрижува

Ракометната репрезентација на Македонија вчера одигра добар натпревар против Хрватска во кој на крајот сепак бевме поразени со 25:27.

Македонија во текот на целиот натпревар одлично парираше на силниот противник, а по првото полувреме имаше и предност. Селекторот Кире Лазаров изрази задоволство од прикажаното на неговите избраници на теренот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Задоволен сум од натпреварот, она кое го сакавме го видовме во Вараждин во еден меч кој се одигра во убава атмосфера. Не ме загрижува поразот. Мислам дека бевме доста добри со добар противник. Имаме уште две подготвителни средби до Светското првенство и мислам дека ќе бидеме подготвени“, изјави Лазаров.

Македонија Мундијалот кој го започнува со Унгарија на 15 јануари, а во нашата група се уште Холандија и Гвинеја со кои ќе играме на 17 и 19 јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров: Нема да биде лесно, очекувањата од нас секогаш се големи

Македонија загуби на пријателскиот меч против Хрватска (23-26) во Пореч пред почетокот на …