Дома Фудбал Лазаров ги избра ракометарите за Европското првенство!

Лазаров ги избра ракометарите за Европското првенство!

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, денеска го соопшти поширокиот список на играчи за подготовките пред настапот на Европското првенство во 2026 година.

Лазаров повика вкупно 21 ракометар, а конечниот избор за патување во данскиот Хернинг ќе биде скратен на 18 имиња, кои ќе ја бранат македонската чест во групната фаза од шампионатот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


На списокот го нема кружниот напаѓач на Вардар, Милан Лазревски, кој сè уште се опоравува од повреда и е надвор од терените. Воедно, единствениот репрезентативец кој не настапува во домашното првенство е голманот Мартин Томовски.

Подготовките на националниот тим започнуваат на 22 декември, а првата проверка е закажана шест дена подоцна, кога Македонија во Пореч ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Хрватска. Во планот на селекторот е и настап на традиционалниот „Жолт Куп“ во Швајцарија, каде што во периодот од 8 до 10 јануари нашата репрезентација ќе ги одмери силите со Бахреин и Украина.

На Европското првенство Македонија ќе настапи во групата „Б“, заедно со репрезентациите на Португалија, Романија и домаќинот Данска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн Минхен доби двегодишна условна казна

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Баерн Минхен со…