
Претстојните избори за претседател на Барселона ќе се одржат на 15 март, одлучи Управниот одбор на клубот. Изборниот процес ќе се одржи на стадионот „Спотифај Камп Ноу“ и ќе биде за време на викендот кога тимот треба да ја пречека Севиља во натпревар од Ла Лига. Клубот традиционално организира избори на ден кога има натпревар, за да обезбеди што повисока излезност на гласачите.
Досега има четворица предвремени кандидати. Од една страна се актуелниот претседател Жоан Лапорта и Виктор Фонт, кои се натпреваруваа и на последните избори во 2021 година. На нив се придружуваат уште двајца: Чави Вилажоана, кој исто така беше кандидат на претходните избори и член на управата за време на Бартомеу, и Марк Сирия, кој неодамна ја објави својата намера да се кандидира.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
15 март беше најраниот датум за изборите, а последниот беше 30 јуни. Тоа покажува дека актуелниот претседател Жоан Лапорта, кој сонува да биде реизбран, брза да се појави со надеж дека ќе победи.
Пред самите избори Лапорта треба да даде оставка на 21 февруари, за да ја започне својата кампања. Наместо него, како привремен претседател ќе застане неговиот заменик Рафа Јусте. Интересното е дека дури и ако на 15 март биде реизбран, Лапорта ќе може да го започне својот нов петгодишен мандат дури во лето, а до тогаш на чело ќе биде Јусте.
За актуелниот шеф, моментот изгледа исклучително погоден. Ситуацијата во клубот е позитивна – тимот веќе освои еден трофеј, а очекувањата се дека во март ќе продолжи борбата на сите фронтови. Во Ла Лига, Каталонците се лидери и се надеваат дека ќе ја задржат својата позиција. Во Лигата на шампионите се очекува тимот да ја има поминато групната фаза и да игра во елиминациите, додека во турнирот за Кралскиот куп е можно да дојде до финалето.