Дома Фудбал Ла Лига го одби барањето на Реал Мадрид, Перез е ептен разочаран

Ла Лига го одби барањето на Реал Мадрид, Перез е ептен разочаран

Реал Мадрид испрати барање до Ла Лига, но доби одбивање кое ги разочара Кралевите.

Реал Мадрид ќе ја започне новата сезона со домашен натпревар против Осасуна, закажан за 19 август.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанската федерација (RFEF) ја одби жалбата на Реал Мадрид и молбата овој натпревар да биде одложен, пренесуваат шпанските медиуми.

Реал Мадрид побара подолг одмор и предсезонски подготовки по учеството на Светскиот клупски шампионат во Соединетите Американски Држави.

Тие во споменатото натпреварување загубија во полуфиналето против Пари Сен Жермен, завршувајќи го натпреварувањето на 9 јули.

Судијата на RFEF одлучи дека за да се зачува интегритетот на натпреварувањето, само случај на виша сила би бил оправдание за промена на службениот календар.

Според него, виша сила не е учеството на Светското клупско првенство, па Реал Мадрид согласно тоа не може да добие одложување на натпреварот.

“На крај, треба да се додаде дека иако клубот кој го поднел барањето тврди дека има согласност од спротивната страна, CA Осасуна, нема запис дека тој субјект одговорил на барањето на овој судија”, стои во соопштението на судијата.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Робињо додека е во затвор си најде партнер и сега ќе започне бизнис!

Познатиот бразилски фудбалер Робињо веќе повеќе од една година се наоѓа во затворот во Тре…