
Германските и британските медиуми пренесуваат дека поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, требало да ја преземе улогата на тренер во РБ Лајпциг.
Скај Спортс објави дека раководството на германскиот бундеслигаш размислувало за кандидатурата на 55-годишниот Холанѓанец во случај да го разреши од должност сегашниот тренер, Марко Розе. Меѓутоа, предлогот за именување на Ерик тен Хаг го блокирал Јирген Клоп.
Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓
Како што е познато, поранешниот менаџер на Ливерпул од јануари работи како директор за развој на фудбалот во Ред Бул, во чии рамки е и РБ Лајпциг.
Клоп и Тен Хаг седум пати биле ривали како тренери, поуспешен е Германецот со 3:2 во победи (со две нерешени), а посебно се памети рекордната победа на Ливерпул над Манчестер Јунајтед со 7:0 остварена на 5 март 2023 година.
Тен Хаг порано имаше одлични резултати со Ајакс, со кој меѓу другото трипати беше шампион на Холандија, но доживеа неуспех како менаџер на Манчестер Јунајтед, каде што беше отпуштен во октомври минатата година.