Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски не го криеше задоволството после победата над Катар на Мундијалот.
Македонија го забележа вториот триумф на Светското првенство совладувајќи го Катар со 39:34.
Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓
„Кажав и пред натпреварот дека одиме на победа. Верував во мене, верував во момците, ова е награда за сите наши натпревари што се боревме и што немавме среќа во последните минути да издвојуваме победа. Ова е голема награда за сите нас што бевме максимално пожртвувани, за нашите семејства, за Македонија“.
„Горд сум на момците, се наоѓам под емоции и многу сум сум среќен поради оваа победа. Зад нас оставаме едно добро првенство, покажавме како треба да играме за Македонија и продолжуваме напред. Пред натпреварот се почувствува умор, малку сме потрошени, но одигравме како тим, изгинавме сите за еден“, изјави Кузмановски.