Дома Фудбал Култниот стадион срушен до темел, останаа само рефлекторите: Сега е време за чудо од 140 милиони (Фото)

Култниот стадион срушен до темел, останаа само рефлекторите: Сега е време за чудо од 140 милиони (Фото)

Стадионот изграден пред неколку децении и домаќин на Светското првенство е срушен до темели. Останаа само рефлекторите кои исто така брзо ќе бидат отстранети.

Времето си го прави своето. Познатиот фудбалски храм го даде своето и време е на истото место да изникне нов и значително помодерен стадион кој ќе ги исполнува највисоките стандарди.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Познатиот Ла Ромарада, стадионот на Реал Сарагоса, повеќе не постои. Урнати се сите трибини и единствен потсетник на познатиот фудбалски храм моментално се рефлекторите.

Уривање на стадионот каде што се играа натпреварите на Светското првенство 1982 година започна минатата година, за да заврши неодамна.

До сега Ла Ромарада беше реконструирана неколку пати, за да последната одлука биде целосно да се сруши и изгради нов современ стадион.

Новиот стадион, исто како и претходниот, ќе има специфичен фудбалски карактер. Капацитетот на новото место ќе биде 43.110 гледачи што е за 10.000 повеќе седишта.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал на чекор од големо засилување

Дајо Упамекано е трансфер цел број еден на Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.  Ре…