Дома Фудбал Крос го пофали фудбалерот на Барса: Тој е најдобриот играч за врска во светот

Крос го пофали фудбалерот на Барса: Тој е најдобриот играч за врска во светот

Новопечениот пензионер и некогашен ас на Реал Мадрид, Тони Крос, направи преседан и го пофали фудбалерот на Барселона, Педри, за кого рече дека е најдобар на својата позиција во светот.

Реал Мадрид и Барселона водат војни на сите фронтови, секој збор на сегашните, поранешните играчи, тренери, членовите на управата, познатите навивачи внимателно се мери, па кога некој јавно ќе го пофали играчот на противничкиот тим како што направи Тони Крос, тоа предизвикува големо внимание.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


„Педри е моментално најдобриот играч за врска од моја перспектива. Генерално, тој е играч што секогаш ти недостига кога не е на теренот, без разлика на името на противникот“, рече Крос, па потоа продолжи:

„Не се работи само за бројот на постигнати голови или асистенции, тој едноставно ти нуди многу решенија на теренот. Го гледав што правеше оваа сезона. Во УЕФА Лигата на Шампионите, тој надмудрува противници 52 пати по натпревар, а во Ла Лига учинокот е уште поекстремен бидејќи доминира над 59 ривали по меч. Победува 11-12 дефанзивци по меч што е најтешката работа за еден играч за врска. Затоа, по мене, тој е најдобриот. Ако ви недостига таков играч, сигурно ќе го забележите тоа“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Објавена цела снимка од тепачката меѓу навивачите на Хајдук и Динамо (Видео)

Навивачите на Хајдук и Динамо од Загреб, Торцида Сплит и “Бад блу бојс”, го зг…