Дома Фудбал Криза го тресе европскиот гигант, човекот што стои зад златната ера поднесе оставка

Криза го тресе европскиот гигант, човекот што стои зад златната ера поднесе оставка

Претседателот на шкотскиот фудбалски великан Селтик Питер Лоуел на крајот на годината ќе го напушти клубот поради “злоупотреба и закани”. Лоуел ќе се повлече на 31 декември, а ќе го замени сегашниот извршен директор Брајан Вилсон, објави клубот.

„Со тага ја објавувам својата одлука, заминувам од местото претседател на Селтик. Верувам дека моите 18 години како главен извршен директор и три години како претседател на клубот ги покажаа моите способности за справување и надминување на предизвиците на многу фронтови, но злоупотребата и заканите од некои извори се зголемија и сега се неподносливи,” стои во изјавата на Лоуел на клупската веб-страница.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Заканите ја шокираа и вознемирија мојата фамилија. Во оваа фаза од мојот живот, ова не ми е потребно. Не можам тоа да го прифатам и затоа го напуштам клубот кој го сакав цел живот,” додаде тој.

Во текот на неговите повеќе од 20 години во клубот, Селтик има освоено 38 трофеи, постојано игра во европските купови, Селтик Парк е модернизиран, а тренинг центарот во Ленокстаун е изграден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бензема може да се врати во Европа, неговата ситуација ја следи гигант!

Пулсот на европската фудбалска сцена го вознемири вест која предизвика значителен интерес …