Во Италија вечерва се игра дербито помеѓу Mилан и Јувентус, а пред овој натпревар критики за српскиот напаѓач Душан Влаховиќ испрати поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано.
Душан Влаховиќ поради повреда ќе го пропушти натпреварот. Критиките од Касано до Влаховиќ беа најмногу за неговата игра на теренот, но и изјавата дадена додека беше на собирот со репрезентацијата за време на обврските во Лигата на Нации.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Влаховиќ во таа ситуација изјави дека во Србија му е полесно да игра затоа што има помалку задачи во одбраната.
„Во Фиорентина Влаховиќ ги имаше најдобрите четири месеци во кариерата со 17 постигнати голови. Играше само во нападот. Во Јувентус кај Алегри беше на 70 метри од голот ,а сега со Мота вели дека мора да игра во одбраната и прави нешто што не му се допаѓа.
Проблемот, драг Влаховиќм е што треба да знаеш да играше фудба, а ти не знаеш. Вредиш 75 милиони евра и ужасно играш! Ако имаш нешто да му кажеш на тренерот, кажи му во лице, не пред медиуми“, изјави Касано.
Натпреварот помеѓу Милан и Јувентус се игра денеска во терминот од 18:00 часот.