
Кристијано Роналдо направи потег кој скоро никој не можеше да го предвиди. Стана акционер и стратешки партнер на WOW FC, организација која руши рекорди во светот на ММА.
Кристијано Роналдо, еден од најголемите спортисти на сите времиња, ги изненади фановите и медиумите со објава што обиколи целата планета.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Португалецот официјално стана акционер и стратешки партнер на WOW FC, шпанска ММА организација во спектакуларен подем.
Веста ја сподели на своите профили, а интернетот веднаш „експлодираше” од реакции, анализи и коментари.
Сите се согласуваат во едно, никој не го очекуваше Роналдо во светот на боречките спортови на вакво сериозно ниво.
Во објавата, која веднаш стана вирална, Роналдо изјави дека ММА го гледа како спорт кој носи вредности кои му се особено блиски: дисциплина, отпорност, почит и неуморна желба кон извонредност.