Дома Фудбал Кристијан Ериксен си најде нов клуб и ја продолжува својата кариера

Кристијан Ериксен си најде нов клуб и ја продолжува својата кариера

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен, стана играч на Волфсбург, пренесе “Типсбладет”. Според информациите, тој заминал во Германија за да го финализира својот трансфер.

33-годишниот плејмејкер доаѓа кај “волците” како слободен агент, откако си замина од “Олд Трафорд” по истекот на неговиот договор. Уште во јуни Волфсбург започна преговори со Ериксен и на крај двете страни постигнаа договор. Во последно време тој ја одржуваше формата со Малме.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Последен пат, играчот од средината на теренот играше на 10 јуни на пријателскиот натпревар нa Данска против Литванија. Тој не беше повикан во националниот тим за најновите светски квалификации.

Волфсбург ќе биде шестиот клуб во кариерата на Ериксен во сениорскиот фудбал, откако претходно играше за Ајакс, Тотенхем, Интер и Брентфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија против Ирска без идеја и без голови

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено, без голови, против Република Ирс…