Дома Фудбал Крај за португалскиот магионичар: Нани ја заврши фудбалската кариера (Видео)

Крај за португалскиот магионичар: Нани ја заврши фудбалската кариера (Видео)

Португалскиот фудбалер Нани објави на социјалните мрежи дека заврши со професионалното играње фудбал на негови 38 години.

„Дојде времето да кажам збогум, одлучив да ја завршам кариерата како професионален играч. Тоа беше неверојатно патување, и сакам да се заблагодарам на секој што ми помогна и ме поддржа низ успесите и падовите за време на кариера која траеше повеќе од 20 години и која ми даде толку многу незаборавни спомени. Време е да свртам нова страница и да се фокусирам на нови цели и соништа. Ќе се видиме наскоро“, рече Нани.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Нани ги постигна најголемите успеси во кариерата со Манчестер Јунајтед, каде што настапуваше во периодот од 2007 до 2015 година. Одигра 147 натпревари за “Црвените ѓаволи” и постигна 25 гола, а со нив ја освои Лигата на шампионите во 2008 година.

За националниот тим на Португалија одигра 112 натпревари и постигна 24 гола, и го освои Европското првенство во 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…