ВАР технологијата од својата имплементација предизвика поделени мислења околу својата (не)ефикасност, а сега би можела да биде отстранета во една европска земја.
Додека во некои земји ВАР технологијата допрва пристигнува, во други веќе им е доста од неа.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Мислењето за оваа технологија е многу поделено, а сега ѝ се назира крајот во Норвешка.
Многу клубови сакаат да ја елиминираат од норвешкиот фудбал, за што вчера се гласаше.
Во вторник, на 14 јануари, по вонредните состаноци на кои се разговараше за отстранување на ВАР системот од норвешкиот фудбал, 18 клубови од првите две лиги гласаа за забрана на системот за видео судење.
Девет тима не се согласија со отстранувањето на технологијата, а пет беа воздржани.
Ако бројот на гласови остане против ВАР системот, на следниот состанок на Норвешката фудбалска асоцијација, кој ќе се одржи во март 2025 година, ќе биде предложено да се отстрани видео технологијата од норвешкиот фудбал, наведуваат новинарите на порталот vg.no.
Клубовите кои гласаа за укинување на ВАР во Норвешка се:
Бодо/Глимт, Бран, ХамКам, Хаугесунд, Лилестром, Молде, Од, Розенборг, Сандефјорд, Годсет, Тромсо Викинг, Брине, Когсвингер, Лин фудбал, Стабек, ИК Старт и Валеренга.
Против укинување на ВАР се: Фредрикстад, Кристиансунд, Сарпсборг 08, Олебл, Егерсунд, Мос, Ранхеим, Согндал, Асене.
Воздржани беа: KFUM, Ходд, Мјондален, Рауфос и Шкеид.