Дома Фудбал Тотенхем со изненадувачка понуда за дефанзивецот на Ливерпул

Тотенхем со изненадувачка понуда за дефанзивецот на Ливерпул

Тотенхем преговара со Ливерпул за доведување на Анди Робертсон, јавува “Атлетик”. 31-годишниот бранител е во плановите на лондончаните за следното лето, кога му истекува договорот со клубот од Мерсисајд. Сепак, “спарс” сега сакаат да го донесат уште во јануари и водат преговори со нивните колеги од “Енфилд”.

Капитенот на Шкотска стана втор избор во Ливерпул на позицијата лев бек, откако минатото лето беше донесен Милош Керкез. Тој неколку пати изјави дека сака повеќе да игра и неговата иднина во клубот не е сигурна.

Минатото лето Атлетико Мадрид беше заинтересиран за него. Робертсон е играч на клубот од Мерсисајд од 2017 година и имаше голем придонес во успесите на клубот во последните осум години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новиот селектор на Португалија го објави првиот список по преземањето на репрезентацијата (Фото)

Кристијано Роналдо не планира да се откаже од репрезентативниот фудбал во скоро време. Жор…