Дома Фудбал Барселона подготвува „бомба“ – може да го направи третиот најскап трансфер во историјата?!

Барселона подготвува „бомба“ – може да го направи третиот најскап трансфер во историјата?!

Според шпанските медиуми, Барселона и Арсенал се во жестока борба за поддршка на аргентинскиот напаѓач и фудбалер на Атлетико Мадрид, Хулиан Алварез.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Се шекулира дека сумата на трансферот би можела да достигне 150 милиони евра, што би претставувало третиот најголем трансфер досега.

Спортскиот директор на Барселона, Деко, остварил средба со агентите на Алварез. Клубот од Каталонија го гледа како идеален наследник на Роберт Левандовски.

Имајќи предвид дека Алварез е едно од главните имиња во Атлетико со 11 постигнати голови и пет асистенции во 28 натпревари оваа сезона, тешко дека ќе го пуштат, особено на ривал како Барселона.

За мадридскиот клуб да ја смени својата одлука, потребна би била извонредна понуда, бидејќи со играчот имаат договор до летото 2030 година. Според Transfermarkt, неговата вредност е проценета на 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве како Жозе Мурињо реагираше на повторниот избор на Перез во Реал Мадрид

Флорентино Перез, како што се очекуваше, ги освои претседателските избори и ќе остане на ч…