Дома Фудбал Костадинов: Сите селекции играат цврст и агресивен фудбал, знаеме што нè очекува во Велс

Костадинов: Сите селекции играат цврст и агресивен фудбал, знаеме што нè очекува во Велс

Македонија одигра 0-0 против Летонија во пријателски меч пред тешкото гостување на нашата селекција во Кардиф.

Репрезентативецот Тихомир Костадинов вели дека не е задоволен од резултатот, но веќе со мислите е насочен кон пресметката со Велс.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Имавме многу шанси, но голманот на Летонија беше на висина на задачата и имаше добри интервенции. Позитивно е тоа што не примивме гол, но не сме задоволни со нападот. Сите селекции веќе играат цврст и агресивен фудбал. Мислам дека Велс би можел да биде тим со уште поголема агресија, мора да бидеме подготвени на тоа и да се подготвуваме. Знаеме што нè очекува и за што играме, па ќе се потрудиме да бидеме максимално подготвени за тој дуел“, вели Костадинов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јирген Клоп објави слика поради која фудбалскиот свет е на нозе

Клоп веќе повеќе од една година е без тренерски ангажман, но во меѓувреме најде нова работ…