Дома Моторспорт Корина случајно покажа во јавноста фотографија од Шумахер која досега не е видена (Фото)

Корина случајно покажа во јавноста фотографија од Шумахер која досега не е видена (Фото)

Информациите за неговата состојба се објавуваат многу ретко, бидејќи семејството, предводено од сопругата Корина Шумахер, сѐ држи во строга тајност. Официјални вести нема, освен кога некој семеен пријател, со согласност на блиските, ќе сподели нешто со медиумите.

Легендарниот Германец и седумкратниот светски првак Михаел Шумахер е еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1. Тој е во сериозна здравствена состојба уште од 2013 година, кога доживеа тежок удар на глава додека скијаше во Гренобл, Франција.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Од тогаш, малку се знае за состојбата на ово славен првак на Формула 1, бидејќи информациите се ретки и семејството, со Корина Шумахер како лидер, сѐ чува во тајност. Единствено кога одбраните пријатели ќе споделат нешто со медиумите, по договор со семејството, се дознава нешто ново.

Меѓутоа, одвреме-навреме испливуваат нови детали. Неодамна, сосема случајно, Корина Шумахер извади на виделина досега невидена фотографија на Михаел Шумахер во текот на еден натпревар во коњички спорт што го организираше во Германија. Германските медиуми, пред сѐ „Билд“, изјавуваат дека фотографијата е направена меѓу 2012 и 2013 година и дека Корина ја имала зачувана на својот мобилен телефон.

Се работи за црно-бел портрет на Шумахер, кој навивачите досега не го виделе. Оваа фотографија предизвика голем интерес меѓу неговите почитувачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Шумахер најави „земјотрес“ во Формула 1: Верстапен го напушта Ред Бул – познат неговиот нов тим!?

Макс Верстапен повторно доминираше за време на тркачкиот викенд, а сега тоа го направи на …