
Познатиот ирски бизнисмен и легенда на Формула 1, Еди Џордан (76), соопшти дека се бори со агресивна форма на рак. Дијагнозата му беше поставена во март, и се истакнува дека станува збор за рак на простата и мочниот меур, а Џордан за првпат од тогаш се појави во медиумите за да објасни дека не се откажува од својата борба.
Џордан беше сопственик на тим во Формула 1 од 1991 до 2005 година, и иако за него возеа Дејмон Хил, Ајртон Сена, Рубенс Барикело и многу други, најголем впечаток остави Михаел Шумахер иако во неговиот болид помина само еден круг. Тој ги воодушеви сите кога се појави буквално од никаде во Белгија во 1991 година и практично без никакво познавање на патеката и болидот ја „уништи“ конкуренција во квалификациите освојувајќи седмо место, за да му откаже болидот на самиот старт на трката. Иако тогаш Шумахер доби договор од 150 илјади долари, брзо премина во Бенетон – и стана нивен член. Подоцна и двократен светски шампион со нив…
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Без разлика на сè, Еди Џордан не го сфати тоа како лош потег од Михаел Шумахер. Останаа пријатели, се дружеа на патеката и надвор од неа, сè до несреќата што ја доживеа Шумахер во декември 2013 година. Тогаш неговата сопруга Корина Шумахер му забрани на Еди Џордан да го посети, што посебно го повреди.
Џордан изјави дека „Шумахер е присутен, но и не е свесен“, што секако придонесе мистеријата околу неговиот статус сега да биде уште поголема, така што Корина Шумахер одлучи дека Еди повеќе не може да го посетува.
Реагираше неговиот син Мик Шумахер и се обиде да ја смири ситуацијата: „Што се однесува до мене, бев погоден од потегот на Мик и тоа е зашто не е лесно да знаеш дека твојот татко не може да биде дел од семејството. Тој е тука, но како и да не е тука. Имам свој став, кој не сакам јавно да го кажам“, рече Џордан и го поддржа Мик во неговата кариера во Формула 1.