
Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Џои Бартон, осуден е на три месеци условна затворска казна за напад врз сопругата. Бартон во јуни 2021 година, во алкохолизирана состојба ја турнал сопругата, која паднала на под, а потоа ја удрил со нога во глава. Таа останала да лежи со оток на главата и крварење од носот.
Сето тоа се случило на куќно дружење со уште два брачни пара, додека децата спиеле на катот. Георгија Бартон потоа ја повикала полицијата и го пријавила сопругот. Бартон во играчката кариера беше познат како грубијан на теренот. Правеше тешки прекршоци и добиваше многу картони, се караше со противниците, соиграчите, тренерите.
Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Но, токму поради таа своја борбеност создаде врвна кариера. Главно играше во Премиер лигата, а има и еден настап за англиската репрезентација. Освен Манчестер Сити, настапуваше и за Барнли, КПР и Њукасл.
Надвор од Англија настапувал за Марсеј и Глазгов Ренџерс. Се обиде и како тренер. Водеше англиски нисколигаши Флитвуд и Бристол Роверс, во двата клуба помина по две и пол години. Во моментов е без договор од октомври 2023 година.