Дома Фудбал Конте ја коментира ситуацијата со незадоволниот Де Бројне по поразот од Милан

Конте ја коментира ситуацијата со незадоволниот Де Бројне по поразот од Милан

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, истакна дека е задоволен од играта на својата екипа и покрај поразот од 1:2 на гостувањето кај Милан во изминатиот викенд.

Тој, исто така, ја коментираше ситуацијата со искусниот играч од средниот ред Кевин Де Бројне, кој видливо беше незадоволен од својата смена во тој натпревар.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


„Повторувам, што се однесува до изведбата, бев позадоволен од неделната игра во споредба со двете победи од минатата сезона, кога ни беше многу тешко. Доминавме на натпреварот на ‘Сан Сиро’, а тоа не се случува секојдневно. Никогаш не зборувам за поединечни играчи. Победуваме и губиме како тим“.

„Кевин е фудбалер на Наполи. Доколку тимот игра добро, и тој игра добро. Ако тимот има потешкотии, му е тешко и нему. Знаеме што може да ни понуди, тој е играч кој треба да се поддржува и треба да најдеме точен баланс. Одиме од една крајност во друга: кога победуваме, тој е феноменален, а кога грешиме, се е погрешно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галатасарај го победи Ливерпул

Галатасарај оствари победа со 1:0 против Ливерпул во натпревар од второто коло на Лигата н…