Легендарниот француски фудбалер и стручњак Зинедин Зидан планира големо враќање во фудбалот, а како што пренесуваат медиумите од неговата земја, речиси е сигурно дека тој ќе биде тој кој ќе го наследи Дидие Дешан.
Француските медиуми синоќа објавија вистинска “бомба”, бидејќи беше најавено заминувањето на Дидие Дешан од позицијата селектор на Франција. По 14 години владеење, Дешан го најави своето заминување од клупата на Триколорите по Светското првенство.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Него, по се изгледа, ќе го наследи Зинедин Зидан како единствениот адекватен кандидат. Славниот француски фудбалер не сака да води никого во кариерата освен Реал Мадрид и репрезентацијата на Франција, а како што со Реал освои се што можеше да се освои, единствената преостаната желба му е репрезентацијата на неговата земја.
🚨 BREAKING: Зидан е ФАВОРИТ да стане селектор на Франција после Светското првенство 2026. @le_Parisien pic.twitter.com/zAigdCYX7g
— Madrid Xtra (@MadridXtra) 7 јануари 2025
Угледниот француски весник Le Parisien наведува дека Зидан е апсолутен фаворит за преземање на клупата од Дешан и ќе биде вистинска сензација доколку тоа на крајот не се случи.
Така, ќе го чекаме враќањето на Зидан во фудбалот уште некое време, но ќе му се исполни, бидејќи тоа му е најголемата неостварена желба во фудбалската кариера вклучувајќи ги и играчките денови.
Да потсетиме, Светското првенство 2026 година ќе се игра во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада. Тоа ќе биде идеална прилика за Дешан да се збогува на најдобар можен начин од селекцијата на Франција со која стана светски првак во 2018 година.
Како што Французите веќе се сметаат за еден од главните фаворити, Дешан би можел да се прости во најубав стил – со нова титула светски првак.