Дома Фудбал Компани: Не искористивме многу шанси, реваншот ќе биде сосема различен!

Компани: Не искористивме многу шанси, реваншот ќе биде сосема различен!

Тренерот на Баерн, Венсан Компани, изјави дека неговиот тим во првите 30 минути од натпреварот, како и во второто полувреме, бил доминантен и имал многу шанси за постигнување гол.

Баерн Минхен загуби од Интер со резултат 1:2 во првиот меч на „Алијанц арена“.

“Мислам дека добро ја започнавме играта, доминиравме првите половина час. Имавме многу добри шанси, каде што требаше да постигнеме голови. Во второто полувреме бевме исто така доминантни, имавме свои шанси. Сега е полувреме, тие водат 2:1, мора да победиме во Милано”, изјави Компани на прес-конференцијата, а го пренесе веб-страницата на германскиот клуб.

Тренерот на Баерн изјави дека бројот на шанси што неговите играчи успеале да ги создадат против одбранбено силната екипа на Интер е добар знак пред реваншот.

„Реваншот нема да биде ист како овој меч. Добар знак е што имавме многу добри шанси против одбранбено силниот тим на Интер. Кога создаваме вакви шанси, обично постигнуваме два, три гола. Тие исто така се добри офанзивно, секогаш ќе биде некаква опасност. Секако, секогаш одиме на победа”, додаде Компани.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Фото: FC Bayern München/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Порнешниот светски шампион има сериозен проблем: Докторите се чудат како можам да одам

Џанлука Замброта (48), прославениот поранешен десен бек на Јувентус, Барселона и Милан, ка…