Дома Фудбал Кoмпани бесен поради правилото што го остави Баерн без финале: Ова е нелогично

Кoмпани бесен поради правилото што го остави Баерн без финале: Ова е нелогично

ВИНСЕНТ КОМПАНИ по реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, Баерн – ПСЖ (1:1), ја искажа својата голема разочараност од судиските одлуки и имплементацијата на правилото за играње со рака. Баварците во првиот меч загубија 5:4, а реваншот заврши 1:1, што не беше доволно за да се пласираат во финалето.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тренерот на Баерн издвои двa важни моменти. На првиот меч, против Баерн беше свирен пенал откако топката најпрвин го погоди Алфонсо Дејвис во бедрото, а потоа се одби во неговата рака. Во реваншот, португалскиот судија Жоао Пинеира не свиреше пенал кога топката удри во испружената рака на играчот на ПСЖ, Жоао Невес, по што ја избил неговиот соиграч Витиња.

“Топката оди директно во раката, не од телото. Не е важно дали доаѓа од соиграч или не – тоа е едноставно нелогично”, изјави Компани за DAZN. Иако судијата во Минхен го следеше препорачано толкување на УЕФА, тоа не го утеши тренерот на Баерн. “Правилата се правила. Жалосно”, додаде тој.

Според правилникот на Меѓународниот одбор на фудбалските федерации (IFAB), не се смета за прекршок ако топката го погоди играчот во рака откако неочекувано отскокнала од негов соиграч.

Кompany овие одлуки, покрај фактот дека левиот бек на ПСЖ, Нуно Мендеш, не доби можен втор жолт картон за играње со рака, ги оцени како “клучни за исходот на мечот”. Тој прашува: “Зошто Нуно Мендеш не доби втор жолт за очигледно играње со рака? Не го разбирам тоа. Зошто во Париз против нас беше свирен пенал, а тука за нас не?

Го разбирам правилото, но раката на Мендеш беше над главата. Честитам, но Нуно Мендеш требаше да биде исклучен.”

“Секако, судиската одлука во Париз сè уште боли бидејќи на крајот испаднавме заради еден гол разлика”, заклучи, мислејќи на пеналот против Дејвис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Енрике: Баерн игра фудбал на највисоко ниво. Беше навистина тешко

ПСЖ се пласираше во финалето на Лигата на шампионите откако го победи Баерн во двомеч со в…