
Автентичната магија на Африканскиот куп на нации беше доловена во еден видеоклип кој брзо го освои интернетот, предизвикувајќи насмевки на лицата на многумина.
Имено, пред почетокот на вчерашната последна средба од програмата на Африканскиот куп нации помеѓу Египет и Зимбабве, беа интонирани националните химни на двата тима.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Тогаш на сцена стапи режисерот на преносот, кој додека звучеше египетската химна, ги држеше во кадар играчите и навивачите на Зимбабве, што предизвика смех на сите.
Моментот од почетокот на натпреварот можете да го погледнете во видеото прикачено во текстот.
Инаку, Египет извојува победа над Зимбабве со 2:1, со пресврт благодарение на головите на Омар Мармуш и Мохамед Салах, додека стрелец за Зимбабве беше Принс Дубе.